Македонија

Делчевчанецот Кирчо ќе го продаде срцето и бубрезите само да му помогне на синот

Решен сум да го продадам својот бубрег и своето срце само моето дете да живее – вели Кирчо Стоилов од Делчево чие дете боледува од аутизам и има оштетување на мозокот, во изјава за Алсат-М.

kiril_delcevo

Таткото на четири годишниот Матеј објаснува дека и тој и сопругата не работат. Живеат во стан кој им го доделила државата и немаат пари да го лекуваат нивниот син. Кирчо бара помош за да направи пет-скен дијагностика за своето дете. Лекарите го предупредиле дека може да остане неподвижен ако не се дијагностицира до каде напреднала неговата болест и ако не се преземат итни мерки.

„Сакам единствено ако треба и на државата да си го дадам бубрегот да ми дадат средства, да ми се однесе детето да ми се оправи, бидејќи не сакам да ми заврши трагично. Барам до сите граѓани на кој му е потребен бубрег лично одма сè што треба ќе потпишам, ако треба и срце исто, мојот живот ќе отиде ама детето ќе ми е со сопругата…“ рече Кирчо Стоилов татко на Матеј

Да се направи пет-скен од семејството велат дека им препорачала докторката Мирјана Ќаева од Ценарот за ментално здравје „Младост “.

„Ние кога одиме, она ни вика не ми доаѓајте тука додека не ја направите снимката, таа снимка чини околу 1.600 евра. Ние не сме моќни да ја направиме. Матеј е во многу тешка ситуација, не може да зборува има многу повреди на мозокот, чудно ми е како живее…“-рече Жикица Стоилова мајка на Матеј

На семејството Стоилови месечно за лекови му требаат по 10 илјади денари, пари кои тие ги немаат. Поради тоа, Матеј е веќе еден месец без лекови. Велат дека се обиделе да соберат конзилијарно мислење за синот да го пратат на лекување во Италија, но постојано ги препраќале од врата на врата. Неколку пати биле во Министерството за здравство за да побараат помош, но велат – сè уште не добиле одговор. Алсат денеска го контактираше ова министерство од каде ни рекоа дека ќе го разгледаат случајот.

Поврзани вести

Back to top button