Француската полиција уапси маж со сириско потекло, кој е осомничен дека денеска во парк во Анеси избол осум деца на возраст од три години и едно постаро лице. Две деца се во критична состојба, а на местото на злосторството има бројни полициски патроли и екипи на итната помош.
Според француските медиуми, кај осомничениот за нападот била пронајдена сириска лична карта.
Во текот на истрагата било утврдено, дека тој во ноември минатата година, поднел барање за азил во Франција, а статусот на бегалец во Шведска го добил на крајот на април годинава.
Во овој момент не е познат мотивот за нападот, ниту пак степенот на повредите на останатите деца кои беа избодени со нож во паркот.
Скоро во сите земји на ЕУ криминалот расте пропоционално со зголемувањето на приливот на мигранти, односно колку повеќе мигранти толку овие земји се помалку безбедни. Ова треба да не загрижи и нас, особено ако се има предвид дека се погласни се барањата да се дозволи увоз на работна сила, односно олеснето добивање дозвола и престој на лица од трети држави. При тоа никој не ја спомнува безбедноста.
#Update: Just in – Video footage of the helicopter at the park in #Annecy, #France, after allegedly an suspected mass stabbing terror attack injured at least 8 minors between the age of 3-5 years old during a school trip to the park. pic.twitter.com/r21C1V8gxG
— Sotiri Dimpinoudis (@sotiridi) June 8, 2023