„Дедо Мраз”: Злосторникот кој ги инспирирал терористите во Париз и Брисел
Неговото име се појави ненадејно, иако не е анонимен. Познат е по прекарот „Дедо Мраз“ и индиректно е поврзан со терористичките напади на европските градови.
Неговото име е Калид Зеркани, има 42 години, моментално е во затвор а обвинителите го сметаат за најголем “регрутор” на џихадисти во цела Белгија, а можеби и Европа
Белгиските власти го уапсиле Зеркани во 2014 година и го обвиниле дека е лидер на терористичка ќелија. Минатиот јуни бил осуден на 12 години затвор за време на судењето во судницата биле присутни 29 негови истомисленици. Братот на еден џихадист на ИД на судењето рекол:
“Зеркани е еден обичен измамник кој манипулира со сиромашни деца и заработува од нив. Мислам дека не е никаков радикал, тој е обичен крадец кој се смета за бизнисмен…”
Вчера полицијата открила дека Зеркани бил тесно поврзан со Најим Лахраоуи, бомбашот кој се разнел на аеродромот и кој веројатно ги произвел бомбите кои се користеле во Брисел, но и во Париз. Белгиските власти се сомневаат дека Лахраоуи уште во 2013 година патувал во Сирија и потоа од тие земји се враќал со бројни милитанти подготвени за напади во Европа. Лахраоуи слепо ги слушал заповедите кои доаѓале од устата на Зеркани…
Џихадистичкиот “Дедо Мраз” исто така е заслужен што на “темната страна” преминал и Абделхамид Абауд, мозокот на терористичките операции во Париз, кој загинал неколку дена пред страшните напади. Исто така, Зеркани го регрутирал и Чакиб Акроу, терористот кој со калашников пукал по гостите во париските кафулиња и ресторани.