Живот

Дали вашето дете е иден гениј?

Доколку вашето дете пишува со лева рака, нема потреба да се грижите. И тие можат да имаат чист и убав ракопис, важно е да се научи правилно да ја поставува раката.

Вродената определеност за левата или десната рака станува видлива по шест месеци од животот, а најдоцна до четвртата година на детето. Експертите сметаат дека родителите прават огромна грешка кога децата кои имаат склоност да ја користат левата рака ги форсираат да ја користат десната.

Податоците од голем број истражувања зборуваат дека многу често децата кои пишуваат со лева рака се натпросечно интелегентни. Дали сте знаеле дека Наполеон, Ајнштајн, Леонардо Да Винчи и Пикасо пишувале со лева рака?

Освен тоа лекарите се согласуваат дека децата кои пишуваат со лева рака, кога некој ги присилува да ја користат десната можат да имаат проблеми со концентрацијата, голем број негативни ефекти врз психата, но и моториката, говорот, интелектуалниот развој и карактерот.

Човечкиот мозок е поделен на лева и десна хемисфера. Левата е доминантна и ги контролира и управува информациите кои ги добива од десната страна на телото, а десната хемисфера ги контролира и управува инфомрации од левата страна на телото. Кај децата кои пишуваат со лева рака ситуацијата е обратна и доминантна е десната хемсфера.

Според научните истражувања, левораките лица чето се телантирани за прецизни спортови, математика и уметност, а во светот ги има пет отсто.

Леворакоста лесно и рано може да се воочи – доволно е да се обрне внимание со која рака детето посегнува по предметите, а запомнете дека не постои ниту една оправдана причина да се обидувате да го промените тоа.

Поврзани вести

Back to top button