Дали браќата Асани делат улична правда?
Ескалираше случајот со Бекир Асани. Неговиот брат, Бејтула Асани му се заканувал на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Селмани добил порака на Фејсбук со заканувачка содржина во која било споменати и неговото семејство. Селмани веднаш пријавил во полиција, а од јавното обвинителство потврдуваат дека се известени од МВР.
„Јавното Обвинителство е известено од страна на МВР и надлежен Јавен Обвинител презема мерка и активности во насока на расветлување на случајот.“ – велат од ОЈО.
Од Владата велат дека бараат случајот да се реши што е можно побрзо.
„МВР веќе постапило и случајот веќе се наоѓа во Јавното обвинителство. Ставот на Владата е дека случајот треба да се расветли во најкус можен рок.“ – велат од Влада.
Заканите доаѓаат откако Селмани на својот Фејсбук профил напиша дека правната држава клекна пред еден силеџија, за случајот со пајакот и полицајката. Овие закани се толкуваат како напад против слободата на медиумите. Агенцијата за медиуми се огласи со соопштение во кое се вели дека овие закани се поткопување на демократијата.
„Ваквите појави придонесуваат за слабеење на слободата на медиумите и на нивната способност за слободно и независно известување“.- велат од АВМУ.
Повеќе на 24 вести