Избор на уредникотМакедонија

Да помогнеме: Апел за помош на братчето и сестричката Додевски

Седумгодишниот Александар Додевски од Куманово боледува од цироза на црниот дроб. Првите симптоми на болеста се појавиле кога имал само пест месеци, но болеста е дијагностицирана пред помалку од една година. И покрај терапијата, болеста бргу напредувала и на Александар под итно треба да му биде направена трансплантација на црниот дроб.

-Лекарите велат дека само со брза интервенција може да се спаси животот на мојот син. Не само црниот дроб, туку и бубрезите биле зголемени и пред откажување.  Да биде маката поголема, и кај мојата десетгодишна ќерќа дијагностицирана е истата болест на црниот дроб, но во рана, се уште ненапредната фаза. Јас сум самохрана мајка која живее со три деца, издржувајќи се со паричен додаток од 13.000 денари што го добиваме од државата. Ги молам добрите луѓе да ми помогнат да ги собереме потребните 100.000 евра за операција во странство – со солзи во очите вели мајката Јасмина.

Можете да донирате на следниот начин:

Денарска сметка за донации:

Александар Додевски 
Централна-кооперативна банка а.д. Скопје 
број на сметка: 320 5000258326 33

Девизна сметка за донации:
AEKSANDAR DODEVSKI 
IBAN: MK07 3205 1002 5844 030
SWIFT: CECBMK22 
CENTRAL COOPERATIVE BANK SKOPJE

Поврзани вести

Back to top button