Чудо во Турција, девојка спасена по 248 часа под урнатините (ВИДЕО)
Алејна Олмез, девојка која има 17 години е спасена од урнатините 248 часа по разорните земјотреси што ги погодија јужна Турција и Сирија, јавува Анадолија. Девојката е извадена во населбата Кајабаси во Кахраманмарас.
Таа сега се наоѓа во болница во Анкара, а вчера ја посети турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговата сопруга Емине.
„Се борев, не сакав да се предадам. Сите ми даваа голема поддршка и ми помогнаа“, изјави Алејна.
Лекарот Џенгис Дилбер вели дека таа е добра иако долго време била под урнатиниѕе.
„Бевме изненадени што нејзините телесни функции се добри и што функцијата на бубрезите не е влошена. Тоа е неверојатна работа. Нејзината здравствена состојба е многу добра. Секако дека има трауми“, изјави Дилбер.
Турција ќе ги прошири истрагите против градежните изведувачи осомничени за кршење на безбедносните стандарди, потврди турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу. Досега се идентификувани 564 осомничени, од кои 160 се формално уапсени, а уште поголем број се под истрага.
Aleyna Olmez se trenutno nalazi u bolnici na liječenju i njen oporavak teče veoma dobro (VIDEO: Anadolija) pic.twitter.com/OWsneh0rg7
— TV N1 Sarajevo (@N1infoSA) February 23, 2023