После врската со Серена Вилиамс и Марија Шарапова, бугарскиот тенисер кој важи за голем женкар најверојатно има нова жртва. На неговиот тенис меч со Жилес Симон тој беше страсно бодрен од американската пејачка Никол Шерцингер.
Григор Димитров покажа одлична игра на натпреварот а и имаше голема мотивација за тоа, освен паричната награда тука беше и Никол Шерцингер.
Интернационалниот тениски натпревар беше одржан во Бризбен, а Никол Шерцингер беше презадоволна и уживаше во победата на нејзиниот нов дечко.