Брутално претепан активистот Љупчо Палевски
Претседателот на движењето „Трета“, Љупчо Палевски попладнево бил претепан пред својот дом и е во болница.
„Денеска околу 17,15 часот пријавено е дека на улицата „Златко Шнајдер“ во Скопје од страна на две лица кои биле со моторцикл со употреба на метален предмет бил нападнат Љ. П. Се работи на расчистување на случајот“, информираат од МВР.
Љупчо Палевски – Палчо има неколку хематомина глава, велат извори од болницата, додавајќи дека има и скршена рака и неколку повреди по телото.
Палевски, откако беше пуштен на слобода од притворот во Србија, во Македонија, преку својата активност беше критички настроен кон власта и кон работата на Сашо Мијалков.
Тој ја објави аферата Атлантик во која масовно се следеле и прислушувале опозициски претставници и активисти кои се бореа против промената на името.