Македонија

Бројот на странски туристи се зголемил за 100 проценти

Според статистичките податоци, бројот на странски туристи во последните осум години е зголемен за 100 проценти. Последните статистички податоци покажуваат дека најголем број од туристите од странство го посетуваат Скопје, по што следуваат туристичките места на природните и вештачки езера, планинските места, бањите…. Во октомври годинава во Македонија најбројни биле туристите од Турција, Грција и Србија, а најпосетено место било Скопје.

stranski turisti

Од Турција имало 5.938 туристи, од Гриција 4.824, а Србија 3.199. Во главниот град во октомври имало 21.477 туристи, со 42.851 ноќевање. Вкупно во октомври бројот на странските туристи е зголемен за 1,8 отсто, а на ноќевањата за 3,5 отсто. Во периодот јануари-октомври 2015 година, споредено со истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 10,1 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 4,7 осто, а кај странските има зголемување за 14 отсто.

Во периодот јануари-октомври 2015 година, во однос на истиот период лани бројот на ноќевањата е зголемен за 8,4 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 5,6 отсто, а кај странските за 12,5 отсто.

Поврзани вести

Back to top button