Британија со тајна операција – Се подготвува за војна во Европа?
Британската армија изведе тајна операција од која засега е познато дека се проверувале капацитетите за транспорт на 5 видови на оклопни возила. Според експертите за безбедност Велика Британија се подготвува за најтешкото сценарио во кое Трамп како нов претседател на САД повеќе нема да дава поддршка за НАТО, а тоа ќе го искористи Владимир Путин за агресивни чекори кон земји од источниот блок.
Секако, оваа вежба не треба да ги испаничи жителите бидејќи засега нема реални закани дека ќе дојде до целосна континентална војна, но секогаш е добро да се биде подготвен.
Британското министерство за одбрана посочи дека е подготвено да испрати голем број на тенкови во Германија како првичен дел од операцијата во случај на напад над НАТО земјите.
Слични операции, но со многу посилен интезитет се одвиваат во земји како Полска, Украина, Словачка, па дури и Скандинавски земји се исплашени од позицијата на Путиновата армија.