Бизнис

Босанците во страв – Арапите купија сè

Надлежните институции во Сараево го проверуваат купувањето на имоти во околината на градот на атрактивни локации, за потребите на арапските туристи.

Арапите во БИХ купиле имоти за што вложиле милиони марки.

Освен службата за странци и Даночната управа, во проверката се вклучи и државната безбедност.

Проверките започнаа кога одредени институции се посомневаа дека се работи за перење на пари и затајување на данок.

Во истрагата се опфатени 108 фирми. Од нив 71 фирма има газди странци од Кувајт, 13 од Либија, 12 од ОАЕ, 10 од Сирија и 2 од Катар.  Утврдено е дека има фиктивни фирми и дека се работи за 51 правно лице.

Повеќето фирми имале основачки капитал од 2000 марки. Граѓаните сметаат дека голем дел од имотот во БИХ може да заврши во рацете на Арапите.

Според податоците на Централната банка на БИХ на крајот на 2015 година од Кувајт се вложени 86 милиони евра, со што Кувајт по вложувањето во БИХ е на 15 место.

Поврзани вести

Back to top button