Борисов: Не сакаме војна во Црно Море
Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска изјави дека Софија не сака да учествува во создавање на заедничка Црноморска флота, во чиј состав би биле и Романија, Турција и Украина, со цел да се неутрализира присуството на руската морнарица во Црно Море.
– Не ни треба војна во Црно Море, истакна Борисов на заедничката прес-конференција со бугарскиот претседател Росен Плевнелиев.
Борисов посочи и дека не сака да гледа фрегати кои пловат покрај туристичките дестинации.
– Секогаш зборувам дека сакам по Црно Море да пловат чамци, јахи, туристички и товарни бродови, а не областа да стане арена за воена акција, истаккна Борисов.
Плевнелиев наведе дека „Бугарија е мирољубива земја и оти нејзината надворешна политика не е насочена кон никого“
Бугарија, некогашна земја-членка на источниот блок, има најблиски односи со Русија, изрази подготвеност да учествува во заедничките воени вежби на НАТО.
Според Конвенцијата од Монтре, земјите кои не излегуваат на ЦрноМоре не можат да ги држат своите воени бродови во тој регион подолго од 21 денови. Држави на брегот на Црно Море се Турција, Бугарија, Романија, Украина, Грузија и Русија.