Uncategorized
Боко харам уби 43 земјоделци во Нигерија
Најмалку 43 земјоделци вчера се убиени во нападот на џихадистите од Боко харам во североисточна Нигерија.
– Пронајдовме 43 безживотни тела и шест лица тешко повредени, соопшти нигериската полиција. Осум земјоделци се водат како исчезнати и се претпоставува дека се киднаприрани од припадниците на џихадистичката група.
Нападот се случил во оризово поле на 10 километри од Мајдугури, главниот град на нигериската сојузна држава Борно.
Во соопштението од полицијата се истакнува дека „нема сомнеж оти нападот е дело на Боко харам“.
Боко харам уби 43 земјоделци во Нигерија.