Свет

Боко Харам објави вознемирувачко видео во кое прво ги убиваат, а потоа им ги отсекуваат главите на шпионите

Екстремистичката група Боко Харам објавија видео на кое е прикажано убиството на тројца од обвинетите шпиони кои прво ги стрелаат, а потоа ги обезглавуваат, соопшти SITE Intelligence Group, која ги следи активностите на екстремистичката група на интернет.

Во соопштението наведува дека во видео снимката убиените ги нарекуваат “агенти” на Нигерскиот претседател Мухамаду Бухари. Според Site, видеото било објавено на интернет во понеделникот.

Оваа организација вели дека снимката почнува со сцени кои ги користат т.н. гранки на Исламската држава но дека е направен во сопствена продукција на Боко Харам, групата која беше формирана во североисточниот дел на Нигерија.

Ова укажува на тоа дека Боко Харам има одреден степен на автономија од Исламската држава. Една фракција на Боко Харам е поврзана со Исламската држава.

Нигерскиот претседател Мухамаду Бухари минатата година прогласи дека бунтот на Боко Харам е задушен, но борците на оваа екстремистичка група продолжуваат да делуваат во пространите области околу езерото Чад, спротиставувајќи им се на мултинационалните сили кои се распоредени овде.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Видеото не се препорачува за помлади од 20 години бидејќи нејзината содржина е многу вознемирувачка.

Поврзани вести

Back to top button