Македонија

Блокиран сообраќајот кон Бутел – Протест и контрапротест

На околу 500 метри од местото на темелникот за крстот во Бутел, вечерва почна да се собира група Македонци на контрапортест. Во моментов има засилено полициско обезбедување кое не им дозволува да стигнат до кружниот тек, пренесува телевизија Телма.

Таму кампуваат приврзаници на ДУИ во знак на протест против поставувањето на крстот.

Нашиот новинар Миомир Серафиновиќ јавува дека целосно е блокиран сообраќајот кон Бутел и Радишани, кај подвозникот пред Бутел. Не сообраќаат ниту автобусите со број 57, патниците ги симнуваат и тие натаму продолжуваат пеш.

Инаку, како што информира Серафиновиќ, во кампот на приврзаниците на ДУИ е мирно.

Поврзани вести

Back to top button