Македонија

Бигорски ве кани на донаторска конференција за летниот камп по веронаука

Бигорското братство и сестринство, во недела во 16 часот, во хотел “Континентал# ќе одржи голема донаторска конференција за доизградба на првиот летен камп за веронаука, кој почна да се гради пред две години во село Битуше.

– Влезницата за добротворната манифестација е 600 денари кои директно се наменети за детскиот летен камп „Св. Кирил и Методиј”, сместен во падините на планината Крчин и со тоа станувате дел од градителите на овој духовно-верски објект. Билетите можете да се набавите на тел: 071 273 116 и 070 264 992, и на влезот од хотелот “Континентал”, на самиот ден на настанот. Покрај влезницата како извор на донирање, организацијата предвидува и лицитација на трпеза на љубовта од вештите жени и продажба на многубројни производи и рачни ракотворби, се со цел да се соберат што повеќе средства, велат од манастирската бигорска обител.

Проектот за целосна реконструкција на старата напуштена караула во Битуше предвидува таа да наликува на древните манастирски конаци на Бигорскиот манастир. Реализацијата почна пред две години кога беа удрени и темелите на црквата посветена на „Св. Кирил и Методиј# и заедно ќе бидат скит на Бигорскиот манастир.

Една од намените на комплексот ќе биде летен камп за православна веронаука за деца.

Поврзани вести

Back to top button