Бизнис

Бесплатен смештај и плата до 32.000 евра: На мал англиски остров му се потребни работници

Малиот англиски остров St. Michael’s Mount кој се наоѓа во Корнвол има потреба од работници. Позицијата менаџер е идеална за оние кои сакаат работа во мал колектив, море и живот на остров, а исто така се бараат и работници за одржување на некои делови од островот.

Оние кои ќе имаат среќа, ќе се грижат за посетителите, но менаџерот посебно ќе биде одговорен и за сите останати вработени. Во огласот објавен на нивната официјална страница наведени се детални услови, како и платата.

Се очекува кандидатите да бидат практични, позитивни и фокусирани на решенија, подготвени да работат под притисок.

Иако на прв поглед делуваат како работи од соништата, има многу обврски. Само минатата година островот, кој има само 30 жители, го посетиле 350.000 луѓе.

Во огласот е наведено дека платата би изнесувала помеѓу 26.500 и 32.000 евра, а огласот трае до 17-ти април. Најважно, во огласот е наведено дека ви следува бесплатен смештај.

Поврзани вести

Back to top button