Македонија

Бекир Асани во ресторанот „Казабланка“ го истепал Тодор Петров

Според извори на Либертас, Тодор Петров бил нападнат од претседателот на општинскиот огранок во Чаир, Бекир Асани, кој претходно беше дел од предводниците на протестот на ДУИ против поставувањето на крстот. 

Членот на ДУИ, Бекир Асани и група негови пријатели денеска околу 12.30 часот во кафаната „Казабланка“ го истепале лидерот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

Првиот човек на СМК-Тодор Петров по нападот вчера, на својот ФБ профил раскажува како се случил настанот со тепањето. Ви го пренесуваме интегрално:

“Фала му на Господа, денес, Бог ми го спаси животот. На денот на Крстот… Но, која е верата и дали е вера омразата кон крстот? Да те убијат заради крстот, а им возвраќаш со мир и со љубов… Веќе видено од ИСИС во Ирак и Сирија…

Македонците се и православни и католици и муслимани и Албанците се православни и католици и муслимани… И во Албанија и во Македонија и во Косово… Но…

Денес беше голем ден за осветување на темелите на Крстот во Бутел. Настанот помина во одлична организација, беше преубаво, благодарност до сите кои со присуството го овековечија осветувањето.

Очигледно беше присуството на полицијата од раните утрински часови. Соодветно на настанот беше и обезбедувањето на местото на осветувањето. Имаше индиции за настан од висок ризик според најавата на гостите и контра реакциите. Секоја чест на полицијата, како и секогаш, во интерес на јавниот ред и мир, си ја извршија професионално задачата…

Откога се’ заврши, со двајца пријатели се упативме кон Гази Баба, јас им предложив да седнеме на чорба во ресторанот “Казабланка” на влезот во Скопски саем. Имав покани и од други за други места, но реков, ќе си го земам лап-топот од општината, ќе каснам чорба во ресторанот до општината и ќе заминам дома да се одморам. Сакав да одбегнам народ, евентуални провокации, денот беше посебен…

 

 

 

Поврзани вести

Back to top button