Свет

БАЛКАНЕЦ ВО ГЕРМАНИЈА: Прв пат се почувствував како човек кога стигнав таму

Пред година дена Мухарем Смајиќ заминал од БиХ затоа што бил слабо платен и се преселил во Германија.

Денес работи како здравствен работник, а има понуди и за друга работа.

Вели дека нема зборови со кои ќе опише колку сега животот му е подобар.

„Прв пат се почувствував како човек кога заминав таму. По пристигнувањето веднаш потпишав договор, и веднаш добив право на годишен одмор. Стигнаа и децата, ги запишав на училиште. Сопругата не стигна уште, нејзините документи се подготвуваат. Но, и тоа ќе биде брзо. Образованието е бесплатно, не дадов ниту евро за школување на децата“ – вели тој.

Ако ги спореди законите во Германија и БиХ, вели дека се слични, но проблем е примената во пракса.

За БиХ вели дека важи правилото „моја фирма, мои правила“ и работничките права често се кршат.

Додава дека во БиХ луѓето не можат да ги искористат слободните денови и деновите од одморот онака како што пропишува законот. Во 60-те и 70-те години на минатиот век, исто така многу граѓани од овие простори работеле во Германија, со тоа што се враќале да живеат во своите земји, а денес луѓето се селат и не се враќаат.

Поврзани вести

Back to top button