Избор на уредникотСвет

Бајден објави детали за нападот на водачот на ИСИС, Сам ја крена во воздух куќата заедно со цело семејство

Американскиот претседател Џо Бајден објави дека американската војска го убила лидерот на ИСИС Абу Ибрахим ал Хашими ал Курајши во антитерористички напад во Сирија. Станува збор за наследникот на Абу Бакр ал Багдади, кој беше убиен во слична операција во 2019 година.

„Американските специјални сили успешно спроведоа антитерористичка мисија во северозападна Сирија во средата навечер, елиминирајќи го лидерот на ИСИС Абу Ибрахим ал Хашими ал Курајши“, се вели во соопштението на Белата куќа од Џо Бајден.

Во нападот загинаа најмалку 13 лица, меѓу кои шест деца и четири жени. Бомбата од која загинаа цивилите била активирана од лидер на ИСИС, соопштија американските власти.

Ова го потврди и американскиот претседател Џо Бајден при обраќањето до јавноста од Белата куќа.

Бајден го нарече „очаен кукавичлук“ ова монструозно дело на терористот кој не сакал да се соочи со правдата, кога бил опколен од американски војници.

Поврзани вести

Back to top button