Свет

Авганистански мигранти сексуално нападнале девојчиња во базен

Двајца азилобаратели од Авганистан се обвинети за обид за силување на две девојчиња во базен во северна Германија. Осомничените се задржани во притвор без можност за ослободување со кауција поради стравување дека ќе го повторат делото, пренесува „Раша Тудеј“.

Возрасниот маж и 14-годишното момче злоупотребиле девојчиња на возраст од 14 и 18 години, во аква паркот Ариба во саботата. Откако биле малтретирани од напаѓачите, девојчињата побарале помош од обезбедувањето кое ги задржало напаѓачите и повикало полиција.

Судот издал наредба за апсење на двајцата мажи кои ќе останат во притвор. Мажите се задржани во два различни затвори во Шлајсвиг и Неминстер, информира полицијата.

Инаку ова не е прв пат мигранти сексуално да нападнат малолетници во јавен базен. Светската јавност беше згрозена кога мигрант нападна момче во базен во Австрија.

Поврзани вести

Back to top button