Атонски старец раскажа за чудата на Св. Пајсиј
Атонскиот Старец Атанасиј (Топузис), жител на манастирот Кутлумуш, 20 години живеел и бил пријател со Св. Пајсиј Светогорец. Отец Атанасиј раскажа за своето искуство од дружбата со Светиот.
Отец Атанасиј си спомнува за тоа дека „кога и да му се приближел на отец Пајсиј, сѐ што му било во главата му поминувало, било доволно само да го види лицето на Светиот“. Тој раскажа за случајот со еден уметник кој бил спасен од Св. Пајсиј. Уметникот од Солун еднаш си врзал на себе камен и се фрлил во море за да се удави. Наеднаш се нашол на брегот. Старец Пајсиј му пристапил, го чукнал по грбот и му рекол: „Јани, зошто го правиш ова?“ Всушност Старец Пајсиј во тој момент бил на Атос, но се појавил и во Солун и му ја кажал на Јани таа реченица.
Тој исто така додаде и дека Св. Пајсиј имал дар да чита мисли. „Уметникот од Солун доаѓаше кај Старецот неколку пати во годината. И секогаш кога ќе се видеа Старецот му кажуваше на што мисли Јани. Човекот реши следниот пат да мисли на некој сложена геометриска фигура и сметаше дека Старецот нема да ја погоди. Тој појде кај Старец Пајсиј и го виде како си копка со стапчето во земјата. Старецот ја нацрта геометриската фигура што била во мислите на уметникот. Таков беше Старец Пајсиј“, изјави монахот.