Македонија
Асани: Не ги мешајте ДУИ и Владата, мислењето дека Селмани е „копиле“ е мое лично
Беќир Асани, член на огранокот на ДУИ од Чаир кој деновиве е особено актуелен во јавноста, негира дека му се заканувал на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, и вели дека само го навредил.
– Јас му реков дека е копиле и пак повторувам дека е копиле, ништо повеќе. А што се однесува до тоа дали добил некаква закана од мојот брат, јас немам такво сознание. Тука не станува збор за ДУИ, ниту пак за Владата, чиј дел е ДУИ. Јас не можам да говорам во име на овие два органи, но уште еднаш ќе повторам дека јас зборувам исклучиво во мое име – вели Асани во изјава за ТВ 21.