Избор на уредникотМакедонија

Апасиев им ги честита двојазичните униформи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Но, не им се лутете на партиите на албанското малцинство, ништо немаше да можат да сторат без домашните предавници од СДС и ДПМНЕ

Противуставната владина уредба на СДСМ и ДУИ за двојазични полициски униформи стапува на сила, додека пак Уставниот суд не ја зема во предвид претставката од Левица, напиша на фејсбук пратеникот Апасиев.

Честито противуставни двојазични полициски униформи. Само Левица ги оспори пред Уставен суд. Ама Кацарска си дреме, или ќе најде некоја фора да ги “легализира”.
Апасиев, додаде дека одлуката е донесена со уредба бидејќи ваква одлука не може да помине во Собрание бидејќи ќе биде блокирана од Левица и додаде дека од денес кога полицијата ќе ве легитимира ќе се чувствувате како под вистинска окупација.

Воведени се со владина уредба, оти со закон не можеа (оти сега Левица е таму). Таман, од денес, ко ќе ве легитимираат џандарите – ќе се осеќате како под вистинска окупација.
На крај пратеникот констатираше невозможност ваква одлука да стапи нас сила без помошта од СДСМ и ДПМНЕ.

Но, не им се лутете на партиите на албанското малцинство. Ништо немаше да можат да сторат без домашните предавници од СДС и ДПМНЕ.

Поврзани вести

Back to top button