Неодамна на јадранското крајбрежје во Хрватска во ресортот „Марина Фрапа“ традиционално се одржа изборот за убавина Мис Адриатик , којшто е еден од најценетите избори за убавина во регионот, а се одржува уште од далечната 1997 година. Нашата мисица и поранешна водителка Анѓела Јакимовска е прогласена за Мис Марина Фрапа 2023 година и ќе биде заштитно лице на еден од најлуксузните ресорти во Хрватска на јадранското крајбрежје.
„Марина Фрапа„ е добро позната локација којашто е посетена од многу ѕвезди од регионот како на пример Новаќ Гоковиќ и многу други, па навистина е успех токму Македонка да биде лицето на еден ваков престижен хотел.
Инаку таа ја започна својата кариера токму во Хрватска во Сплит, како од моден така и од образовен аспект, каде и студираше на тамошниот Економски Факултет.
Во далечната 2017 Анѓела беше жири комисијата на изборот за убавина ,, The Best model of Dalmatia” каде што се одбираше најатрактивна Далматинка, а исто така беше дел од модните ревии коишто се одржуваа во градот Сплит.