Свет

Американските тенкови пристигнуваат во Полска, Русите имаат одговор

Американски тенкови и оклопни возила со повеќе од 3.000 војници почнале утрово да пристигнуваат во Полска.

Тие претставуваат дел од одговорот на американскиот претседател Барак Обама на загриженоста на НАТО поради Русија.

Ова е најголемото американско воено ангажирање во Европа во последните неколку децении.

Повеќе од 80 тенкови и стотина оклопни возила веќе пристигнале во Германија, и сега се преместуваат кон источна Европа, наведува BBC

Само еден ден откако било објавено дека САД ќе прати дополнителна војска во Полска, Русија почнала да поставува антиракетни системи околу Москва, пренесува Daily Mail.

Системот “S-400” на противвоздушната одбрана, од ноември е распореден во Сирија, а сега се појавува и на “домашен терен”.

Дострелот на овие системи е 400 километри, и способни се да погодат проектили и авиони.

Од руското Министерство за одбрана е соопштено дека системите се поставуваат во состојба на борбена готовност, со цел да ја одбранат Москва во случај на напад.

“Главна задача на антиракетните системи е противвоздушна одбрана и заштита на објектите од витално значење, како што се воените, индустриските и енергетските постројки, како и заштита на трупите на вооружените сили и транспортот на комуникација од напади од воздух”, стои во соопштението.

Поврзани вести

Back to top button