Американски научник го откри рецептот за најмоќниот природен антибиотик
Славниот лекар Ричард Шулц го откри рецептот што тој го нарекува супер – тоник затоа што помага во лекувањето на голем број болести.
Тинктурите се едни од најдобрите природни лекови, пред се поради тоа што го извлекуваат и го чуваат во себе она што е најдобро од растенијата. Од друга страна, тие се многу јаки, па затоа треба внимателно да се користат.
Иако во тинктурите обично се става алкохол, треба да знаете дека и јаболковиот оцет е совршен растворач ако сакате да направите тоник тинктура. Не само што 100 отсто нетоксичен, туку има и голем број други здравствени прредности:
- Помага при регулирањето на киселоста на организмот;
- Му помага на дигестивниот тракт – ако јаболковиот оцет е од органско потекло и не е филтриран, содржи симбиоза од пријателски колонии бактерии и габички кои се одличен пробиотик;
- Оцетната киселина има силно антикоморно дејствување и покажа дека се намалува холестеролот и помага кај чувствителноста на инсулин;
- Јаболковата киселина е антифугална, антибактериска и антивирусна и исто така помага при произведувањето на енергијата која го зголемува менталното и функционирањето на мускулите;
- Го зајакнува имуниот систем.
Како да го подготвите најмоќниот природен антибиотик?
Славниот лекар Ричард Шулц го откри рецептот што тој го нарекува супер – тоник затоа што помага во лекувањето на голем број болести. Тој нагласува дека е потребно да користите состојки од органско потекло или сами да ги одгледате за да ги извлечете сите позитивни ефекти.
Состојки:
свежа хабанеро пиперка (или налутата што можете да ја најдете), главица лук, главица кромид, корен ѓумбир, корен рен и нерафиниран јаболков оцет.
Подготовка:
Овој тоник се подготвува како и сите останати тинктури: билките ги ставате во сад, ги прелевате со јаболков оцет, онолку колку што е потребно за сите растенија да бидат потопени.
Потоа излупете го и ситно исечкајте го зеленчукот, па ставете ги состојките во голема стаклена тегла и во целост покријте ги со јаболков оцер, така што оцетот ќе плива три прсти над нивото на билките и зеленчукот. Затворете ја теглата и додека го држите капакот на место протресете го тоникот да се измеша.
Оставете го тоникот да стои на темно место од две до шест недели. Колку подолго стои, ќе биде посилен, а повремено потребно е повторно да го протресете.
Цедење
За полесно чување и едноставно користење, треба да ја процедите тинктурата. Ќе ви биде потребна лесна ткаенина – газа, голем сад и цедилка од не’рѓосувачки челик што се уклопува во големината на садот. Ако немате таков алат можете да ставите крпа преку отворот на теглата и да ставате се додека целата течност не излезе, но ќе загубите доста.
Ставете цедилка во сад и прекријте ја цедилката со газа. Ставете ја содржината на теглата во цедилка. Земете нешто со што ќе ја притиснете мешавината за преостанатите сокови да излезат.
Тоникот можете да го ставите во мала тегла или можете да ја вратите во големата тегла, откако претходно ќе ја измиете. Сепак, најдобар избор ќе биде ако земете затемнето шише, затоа што ја намалува штетата од светлото. Тоникот се чува на темно, студено место. Остатокот од билките и зеленчукот можете да го замрзнете или да го додадете во супа или во друга храна.
Дозирање
Откако тоникот ќе биде подготвен можете да почнете со секојдневна употреба или да го користите по потреба – за подобрување на варењето, за имунитет и за лекување на разни болести. Запомнете дека пиете мошне моќни билки и зачински растенија, така што и вкусот ќе биде таков, па можете да додадете малку природен мед. Погрижете се да пиете доста вода во текот на денот.
Една чаша од 20 до 30 мл ќе биде доволна. Но, ако се борите против тешки инфекции можете да земете до 5 или 6 дози дневно.