Свет

Американец признава: Русите не матираа на Арктик, на таблата ги имаат сите фигури, а ние само пион и топ

Русија на Арктикот на Америка ѝ дала шах-мат. Русите на таблата ги имаат сите фигури, а САД има само пион и топ, тврди началникот на Крајбражната стража на САД, Пол Зукунфт.

“Ако ги земеме за пример мразокршачите, кои можат да обезбедат пристап до морските патишта, како за трговски, така и за воени бродови – Русија има 40, САД има само 2, а само еден е реално достапен за Акртикот”, наведува Зукунфт.

Во арктичкиот регион Русија создава “огромно военоиндустриско присуство”. Според оцената на Зукунфт, Русите “изнеле стратешки став”.

Повлекувањето на арктичкиот мраз отвора пристап до богатите резерви на природни ресурси, а Русија и Кина желно гледаат во нив.

Според проценките, во тој регион има околу 30 проценти неистражени резерви на нафта, односно околу 13 проценти резерви на нафта и минерали од голема вредност.

Зукунфт стравува дека, ако ситуацијата на крајниот север “излезе од контрола”, Русија ќе има предност над САД.

Поврзани вести

Back to top button