Aлијансата за Албанците го осудува однесувањето на полицијата по денешната несреќа во која полициски автомобил на единицата Алфи повреди дете
Aлијансата за Албанците остро реагира и го осудува однесувањето на полицијата по денешната несреќа во која полициски автомобил на единицата Алфи, повреди дете и го остави со сериозни повреди.
„Она што го прави овој случај уште поскандалозен е фактот дека полицијата не застана да му ја пружи неопходната помош на повреденото дете.
Јавно ја прашуваме полицајците во Куманово, министерот Оливер Спасовски и заменик министерот на ДУИ, Агим Нухиу, која е нивната и мисијата на полициската единица Алфи: безбедноста на граѓаните или заканата на животот на граѓаните“.
Алијансата за Албанците во Куманово бара итно да се преземат сите мерки пропишани со закон од страна на надлежните органи припадниците на полициската единица Алфи да одговараат за повредата на детето за да се спречи опасноста да предизвикаат инциденти кои може да завршат трагично