Албански туристи на плажа викале „УЧК, УЧК“, веднаш биле протерани од државата (ВИДЕО)
На пет момчиња од околината на Подујево, кои извикувале „УЧК, УЧК“ на плажа во Улцињ, им е изречена забрана за влез во Црна Гора.
Како што пренесува подгоричкиот портал Вијести, им била изречена забрана за влез во Црна Гора во следните шест месеци и веднаш биле протерани од земјата.
Тие претходно на суд биле казнети со по 300 евра бидејќи во средата вечерта на плажа во Улцињ го нарушувале јавниот ред и мир, наведувајќи дека биле под дејство на алкохол.
Црногорскиот портал Мондо јави дека околу стотина момчиња поделени во две групи извикувале во средата на Малата плажа во Улцињ „УЧК, УЧК“ и дека пееле албански националистички песни, а и палеле навивачки факели додека дел од минувачите ги поздравувале со сирени од автомобилите.
Црногорската полиција привела неколку момчиња во станица, а сите биле од Подујево.