Живот

Ако ова не ве убеди да престанете со пушење во бременоста, ништо нема: Како бебето во стомакот реагира на цигари

Доколку сте трудни, а пушите или планирате бременост а не планирате да се решите од оваа навика, погледнете го истражувањето на Универзитетот “Дурхам” и “Ланкастер” кое покажува како бебето реагира на димот од цигарите, поточно колку тоа нему му пречи.

Истражувачите користеле 4D скенер и ја споредиле реакцијата на бебето на мајка пушач и мајка непушач.  Бебето од другата група покажува интезивни движења на усните и рацете.

Во истражувањето се испитувани 260 фетуси во различни периоди, од 26 до 34 недела од бременоста. Меѓу бебињата имало и четири чии мајки дневно пушеле по 14 цигари. Останатите бебиња биле поштедени од овој чад од цигари.

Движењата на бебињата се поврзуваат со реагирањето на бебешкиот нервен систем. Истражувањето е објавено во магазинот “Acta Paediatrica”.

– Нашите резултати се поврзани со претходните истражувања кои ја покажаа врската меѓу стресот и движењата на бебето, и која треба да се контролира, но ние отидовме и понатаму и го прикажавме дејството на никотинот врз развојот на фетусот, вели др. Наџа Рисланд, автор на студијата.

Поврзани вести

Back to top button