Свет

Во Сирија убиен Косовецот кој најавуваше „црни денови на Балканот“

Косовецот Ридван Хаќифи, кој најавуваше „црни денови за Балканот“, е убиен на боиштата во Сирија, објави електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“.

Како што јави дописникот на МИА, Хаќифи од селото Буковник кај Гњилане, познат како „командант“ Ридван Ал Косова, беше десна рака на озогласениот водач на албанските џихадисти Лавдрим Мухаџери, кого и го заменуваше на лидерската позиција во периодот додека тој беше тешко ранет.

Веста за смртта на Хаќифи ја потврди неговото семејство, не соопштвајќи други детали, како и Исламската верска заедница во Гњилане и полицијата, но одбија да го коменираат случајот.

Хаќифи (27), кој претходно беше имам во џамијата во Гњилане, во редовите на џихадистите во Сирија се приклучил во јули 2014 година.

Хаќифи и Алмир Даци (Ал-Албани), имам од џамијата во албанскот град Подградец, преку видео снимка насловена „Џихадот е чест, порака до Балканците“, им порачаа на оние балкански муслимани кои не може да се приклучат на ИД, да почнат со напади „против диктатурите во Косово, Албанија и Македонија“.

Поврзани вести

Back to top button