Свет
Ново потресно видео од убиството на амбасадорот: Ладнокрвно се шеташе пред да го усмрти
На социјалните мрежи е објавена нова снимка од убиството на рускиот амбасадор во Анкара на кое се гледа дека атентаторот ладнокрвно стоел и чекал погоден момент.
Ова видео покажува дека Мевут Мерт Алтинтас (22) мирно стоел зад амбасадорот, за да малку подоцна се помести на страна. Тогаш го извадил пиштолот и пукал во грбот на Андреј Карлов.
Откако пукал неколку пати извикувал „Алах акбар! Не заборавајте го Алепо! Не заборавајте ја Сирија! Само смртта ќе ме отстрани оттука! Секој кој учествува во оваа репресија ќе плати!“.
В Сети появилось новое #видео с покушением на посла РФ в Анкаре. На нем видно, как убийца готовится к стрельбе. pic.twitter.com/4nWhO9auWO
— НТВ (@ntvru) December 20, 2016