Македонија

По 5.000 денари за секое бебе во Ѓорче Петров

Советот на општината донесе одлука од идната година да им се дава парична помош на новороденчиња.

bebinja500

Советот на Општина Ѓорче Петров на денешната седница донесе одлука за доделување еднократна парична помош во висина од 5.000 денари за секое новороденче во општината. Одлуката стапува во сила од 2016 година.

Овој состав на Советот првпат од постоењето на Општината како локална самоуправа носи ваква одлука.По повод претстојните празници, 51 социјално загрозено семејство ќе добие парична помош од по 3.000 денари.На седницата, како што соопшти Општината, поднесена е и иницијатива за изградба на пет улични вежбалници, и тоа во населбите Хром, Дексион, Ѓорче Петров, Ново Село и во Волково.

Поврзани вести

Back to top button