Свет

Борци на „умерената“ сириската опозиција обезглавија 10-годишно дете

На интернет кружи видео од ново ужасно злосторство на сириските бунтовници, пишува Би Би Си. На него се гледа како група бунтовници наводно од движењето Нур ал Дин ал Зинки, провоцираат преплашено дете кое не е постаро од 10 години, за потоа ѕверски да му ја исечат главата. За детето Абдулах Ису, велат дека било палестински борец на страната на Асад.

Освен видеото од убиството, се појавило и видео во кое преплашеното дете се вози во камионет покрај борци кои подоцна го убиле.

Злосторството наводно се случило во близина на бегалскиот камп Еин Ел Тал северно од Алепо каде од 2013 година се наоѓаат најмалку 7.000 луѓе кои избегале од жестоките борби.

Поврзани вести

Back to top button