Свет

Идниот главен уредник на „Дојче веле“ тврди дека САД може да се распадне

 „САД – земја во распад“, „Земја во која секојдневно се убиваат луѓе, деца и полицајци“, „Држава во бегство пред реалноста“, се дел од фразите кои што во коментар за состојбата во Соединетите американски држави ги користи Инес Пол, идниот главен и одговорен уредник на „Дојче Веле“, јавниот сервис под контрола на германската влада кој што објавува вести и анализи на странски јазици.

Во авторскиот коментар на Пол која е екс уредник на весникот „Тагесцајтунг“ (ТАЦ) и екс дописник на „Дојче Веле“ од Вашингтон, прашува што се случува со земјата во која повторно има убиства на полицајци,  расте загриженоста од нереди и што ќе значи тоа за изборната трка за претседател.
Според Пол, состојбата во САД е сигнал и доказ колку брзо демократските општества можат да станат нестабилни под притисок на глобалните промени а во кој луѓето бараат спас во национализмот и виртуелниот свет на интернетот. Наместо да се бараат причините за проблемите јавноста веднаш наоѓа кривци а луѓето се делат на „добри и лоши“ и на „наши и ваши“.
Според Пол која од март идната година ќе ја преземе позицијата главен уредник на јавниот сервис: „Во доселеничката земја САД расте агресијата меѓу различни култури, религии, бои на кожата. Затоа секојдневно на улица се убиваат луѓе, деца и полицајци. Сигурно дека во овој контекст не се без значење и меките закони за оружје. Точно е и дека расизмот, за кој многумина веруваа дека е надминат, сеуште игра огромна улога“.
Анализата на добриот познавач на состојбите во САД предвидува дека востановениот  поредок на оваа земја му се заканува опасност од распаѓање. „Луѓето веќе не се подготвени да ги прифатат последиците од новиот светски поредок. А политичарите не наоѓаат веродостоен јазик за заедно со институциите, синдикатите, државните и полициските службеници, на цивилното општество да му понудат решенија“, смета Пол. Според неа „Оној кој во оваа 2016 година патува низ САД, ќе се соочи со земја во бегство пред реалноста. Во тоа се вклопува намерата на еден човек, кој пожнеа големи успеси во едно риалити-ТВ шоу, да стане американски претседател. Луѓето бегаат во виртуелни светови, се самопотврдуваат позирајќи за фотографии на Фејсбук, Инстаграм или другите социјални медиуми.
Идната главна уредничка на германскиот јавен сервис смета дека ваквата ситауција најмногу му одговара на кандидатот за претседател од редовите на Репубиканската партија богаташот Доналд Трамп кој од неговите дворци со златни чешми се надева да ја искористи виртуелната реалност во која што живеат Американците.

Поврзани вести

Back to top button