Македонија
Мистеријата на македонскиот „голф“ што со месеци стои напуштен на тротоар во Сараево
Во сараевска населба Добриња, веќе неколку месеци возило од брендот Volkswagen Golf со македонски, поточно, скопски регистарски таблици и избушени гуми, стои паркирано на тротоар.
Локалните станари на улицата реагираат за жолтото возило, што стои непоместено неколку месеци и речиси целосно го зафаќа просторот на тротоарот, пишува босанскиот портал Dnevni avaz.
Мистеријата се однесува на тоа кој е сопственикот на автомобилот и зошто би го оставил со месеци напуштен и тоа на несоодветно место. Или пак станува збор за украдено возило, па оставено тука.
Граѓаните преку медиумот апелираат локалните власти да го санкционираат проблем.