Астрономите открија мистериозна порака на Морзеова азбука на Марс
НАСА забележа низа чудни темни дини на Марс кои изгледаат необично како точки и цртички од Морзеовата азбука.
Ова не е прв пат научниците да забележат вакви форми во песоците на Марс, но благодарение на уникатната топографија, оваа област на песочни дини која се наоѓа јужно од северниот пол на планетата ги покажува во појасни детали, овозможувајќи им на научниците за прв пат дури и да ја преведат пораката.
Да појасниме – не се работи за никаква порака од вонземјани. Оваа порака е формирана природно, односно песочните дини се формирани природно, исто како и дините на Земјата кои ги формира ветерот.
Како што се објаснува во соопштението на НАСА, формите на овие дини се толку јасно дефинирани поради тоа што се наоѓаат во природна кружна депресија (кратер), што значи дека има ограничена количина на песок која локалните ветрови може да ја разнесуваат наоколу. Така, цртичките се формирани од двонасочни ветрови, додека точките се малку повеќе мистериозни. Геофизичарите сметаат дека се формираат кога нешто ќе го прекине формирањето на линеарните дини, но НАСА се’ уште не е сосема сигурна, па токму затоа и го фотографира тој регион, за да открие како точно се формираат.
Овие фотографии се направени на 6 февруари 2016 година, со камерата на орбитерот „MRO“ на Марс кој во текот на изминатава деценија ја фотографира Црвената Планета.
Со понатамошните набљудувања, геофизичарите се надеваат дека ќе откријат повеќе за тоа како се формираат дините на површината на Марс и што тоа би можело да значи за потенцијаната можност за живот на планетата.
Во меѓувреме, планетарниот научник Вероника Бреј од НАСА ја декодира пораката која гласи: „NEE