Мистерии

Криеле со години: Ова откритие може да реши една од најголемите тајни на Библијата

Археолозите за прв пат во историјата откриле гробница на Филистејците со останки од 200 лица кои се погребани во неа. Ова откритие од Израел може да фрли ново светло на тоа како живеел најзагадочниот народ според Библијата. Со останките во гробницата се пронајдени и накит и миризливо масло.

– Пилистејците се чини имале лош ПР и нашето откритие може да разобличи многуи митови за нив, изјави Лоренс Стагер, архитект кој и помогнал на експедицијата во откривањето на гробницата која ја бараат од 1985. година.

– По децении проучување на тој народ и нивното наследство, сега конечно се среќаваме со нив лице во лице. Со ова откритие блиску сме до одгатнувањето на тајните на Филистејците, изјави Даниел М. Мастер, професор по археологија.

Сега се знае дека своите мртви ги погребувале со шишиња парфем, кои биле сместени покрај лицето. Покрај нозете биле ставани садови со масло, вино или храна. Некои се пронајдени со накит или оружје.

Интересно е тоа што археолозите дури три години молчеле за своето откритие се додека не ја завршиле работата до крај бидејќи не сакале да ги привлекуваат ултраортодоксните Евреи, кои протестирале поради ископувањето мислејќи дека се работи за припадници на нивниот народ, појасни Мастер. Копале на длабочина од три метри додека не дошле до гробницата над која со векови Римјаните имале вински подрум.

Во Библијата Филистејците се претставени како најголеми непријатели на древните Израелци, народ кој се селел од земја до земја, а на крајот се населиле во пет големи градови на Филистеја, денешен јужен Израел и појасот Газа. Најпознатиот Филистеец бил Голијат, страшен воин кој бил убиен од младиот крал Давид, пишува Индепендент.

Поврзани вести

Back to top button