Свет

(ВИДЕО) Апсење на крајот на Егзит – Запленета огромна количина на дрога

Криминалистичката полиција во Нови Сад со помош на своите колеги од цела Србија, неуморно работеше од почетокто на Еgзит, а „шлаг на тортата“ беше ставен на последната фестивалска вечер. Како што дознаваат српските медиуми, синоќа во истовремената акција на две локации и тоа на Лиман на улицата Милица Стојадиновиќ Српкиња и на Рибарскиот остров, уапсени се четири лица и запленета е огромна количина на натркотици и тоа екстази, кокаин и останати дроги.

Имено на Лиман уапсен е еден жител на Ниш, еден на Нови Сад, а вистинска драма се одвивала на Рибарскиот остров кога инспекторите на криминалистичката полиција се обиделе да легитимираат двајца млади од Белград, кои се наоѓале покрај своите луксузни возила „Мерцедес“ и „БМВ“. Кај нив биле пронајдени огромни количини на наркотици.

До затворање на случајот полицијата работела. Инаку од почетокот на Екзит ова е втора голема акција на криминалистичката полиција на Нови Сад. Имено вториот ден уапсени се Огњен Н. (22), Душан К. (18) и Немања Џ (23), кај кого инспекторите при претресот на становите пронашле повеќе од два килограми дрога, два пиштоли, 120 парчиња муниција, и значителна сума на пари.

Поврзани вести

Back to top button