Свет

Исламската држава свари седум свои броци

Терористичката група „Исламска држава” свари живи седум свои борци, бидејќи се обиделе да избегаат од бојното поле во Фалуџа.Екстремистите ги врзале рацете и нозете на борците пред да ги фрлат во голем казан со врела вода.Исламистите застрелале и 19 свои борци кои исто така се обиделе да избегаат за време на борбите во центарот на градот.

Ирачката команда соопшти кон крајот на јуни, дека градот Фалуџа е ослободен. За целосното ослободување на Фалуџа информираше на 26 јуни командантот на операцијата Абдел Уахаб ас-Саади.Градот, кој е западно од Багдад, беше освоен од групата од почетокот на 2014 година.

Експертите на ОН информираат дека локалните жители ќе можат да се вратат дури во август, иако обемот на уништувањето е огромен, а поставените на некои места експлозиви го прават градот опасен за цивилите.

Поврзани вести

Back to top button