ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Американската полиција убива Афроамериканец
Полицаец од Луизијана уби црнец за време на рапсравија пред продавница во главниот град на американската држава Батон Ружу што предизвика протест поради насилието на полицијата над Афроамериканците.
Според резултатите на аутопсијата, 37 годишниот Алтон Стерлинг умрел од повеќе прострелни рани во градите и грбот, пренесува АП.
Полицијата доби анонимен повик на лицето кое му рекло дека човекот кој ги продава музичките дискови му се заканувал со пиштол. Еден од двајцата полицајци кои одговориле на повикот, по расправијата пукал на осомничениот, соопштила полицијата.
И двајцата полицајци се суспендирани по инцидентот.
Сопственикот на продавницата изјави дека првиот полицаец употребил електрошк, а потоа другиот полицаец го нападнал Стерлинг. Додека се обидувал да се одбрани, другиот полицаец го застрелал од четири до шест пати. Според зборовите на сопственикот на продавницата, Стерлинг немал пиштол во раката во тој момент, но на видеото се гледа дека полицијата извила пиштол од неговиот џеп по пукањето.
На социјалните мрежи објаавена е видео снимка од инцидентот кој предизвика големо незадоволство кај граѓаните. Повеќе од 200 луѓе се собраа вечерта кај продавницата каде е убиен Стерлинг, блокирајќи ги околните улици, пренесува Би-Би-Си.
Според зборовите на сопственикот на продавницата, Стерлинг немал пиштол во раката во тој момент, но на видеото полицијата му извадиле од џебот.
На социјалните мрежи објавена е видео снимка од инцидентот, кој предизвика големо незадоволство кај граѓаните.
People in Baton Rouge taking to the streets in response to the shooting. pic.twitter.com/j9KTNtVUh3
Via @StudioQTV #Justice4AltonSterling— 2Pac4Ever (@BaburRealer) July 6, 2016