Свет

Саудијците сакаат Косово да го претворат во балкански Моленбек

Колумнистот Мишел Коломес се повикува на податоците кои претходно ги објави Њујорк тајмс. Во споменатиот американски материјал се анализира зошто на Блискиот Исток од Косово пристигнуваат најмногу обучени џихадисти.

Косово се опишува како мала држава настаната по распадот на Југославија и како место каде Саудиска Арабија испраќа многу пари, но и свои проповедници. Весникот напоменува дека Косово затоа се претворило во регрутен центар на Исламска држава.

Доказите кои ги претставува Њујорк тајмс се добиени со опсежна анализа и истражување. Парите од Саудиска Арабија „помогнале“ населението, кое до почетокот на 2000-тите главно му припаѓало на умерениот ислам, масовно да се сврти кон вахабистите, проповедници на многу остра и радикална струја на исламот.

Саудијците не штеделе при овој потфат, па така поканувале десетици студенти да го изучуваат исламот на универзитетите на богатото кралство. Освен ова, на Косово се изградени и 240 џамии, што е за третина повеќе од бројот на муслиманските верски храмови во претходниот период, а испратени се и имами за да го проповедаат „вистинскиот“ ислам.

Затоа и не чуди резултатот: со зголемениот број џамии, тука се и девојките кои сега мора да носат хиџаб, но и постојаните заплашување од криминалците на сметка на политичарите и новинарите кои се сметаат за „безбожници“ поради „премногу умерените“ ставови. а тука се и 314 млади луѓе кои ѝ се приклучија на Исламска држава.

Двајца дури загинаа при активирање бомби во терористички напади, едно лице во Ирак, а друго во Турција.

Според францускиот весник, не е случајно тоа што Американците дури сега ги објавуваат овие податоци.

Како прво, САД сѐ повеќе се дистанцираат од Саудиска Арабија, која од Втората светска војна беше привилегиран партнер на Вашингтон во тој регион. Сега излегува на виделина дека токму Саудијците во последните 20 години „ѝ забивале нож во грбот“ на Америка.

А како второ, причина за големото разочарување на Соединетите Држави е тоа што тие му помогнаа на Косово да се отцепи во 2008 година и го сметаа за свој протекторат, земја со умерен ислам.

Вашингтон, смета авторот на колумната, воопшто не забележа дека Саудијците зад нивниот грб, благодарение на сопствената благосостојба, финансираат петта колона од лути џихадисти.

Поврзани вести

Back to top button