Живот

Пронајден рудар кој 17 години бил закопан под земја

Група рудари од западната провинција Џинјанг беа неверојатно изненадени кога во постариот дел од рудникот за јаглен ископале жив човек!

jaglenrudnik8

Имено, напуштениот дел не бил посетуван уште од земјотресoт кој го погоди подрачјето. Пронајдениот среќник е Чеунг Ваи, 59-годишен човек кој се наоѓал во прилично лоша состојба. Брзата помош веднаш го пренесе овој човек во најблиската болница, каде што ќе се вршат евалуации за неговата психичка и ментална состојба.

Чеунг останал заробен со 118 мртви тела од неговите колеги рудари, кога земјотрес со сила од 7,8 степени го потресе регионот и предизвика пукање на дрвените структури кои го држеле тунелот. Како среќа во несреќа, Чеунг беше спасен со тоа што имало отвор за вентилација кој некако останал поврзан со површината, дозволувајќи му да вдише чист воздух.

Тој успеал да преживее јадејќи ги големите резерви на ориз и вода, кои секогаш се оставале во случај да дојде до некоја ваква ситуција. Човекот ја збогатуваше својата исхрана со стаорци и мов.

Иако на почетокот се обидувал да се држи настрана, тој со време морал да започне да јаде и дел од своите колеги, но кога увидел дека совеста не му дава да го прави тоа, тој се одлучил поголемиот дел од нив да ги закопа.

Случајот на Чеунг останува уникатен, поради фактот што успеал толку долго време да се одржи во живот.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button