Религија

Муслиман стана градоначалник на Лондон: Дали можат Христијаните да бидат високи функционери во муслиманските земји?

Голема прашина на позитивни и негативни коментари се подигна откако Садик Кан победи на локалните избори во Лондон, односно стана прв човек во британската престолнина.

Без разлика на тоа дали победата на Садик Кан, муслиман со пакистанско потекло, се должи на британската толеранција кон луѓето кои немаат британски корени, или пак во прашање е нешто друго, сепак неговиот избор за градоначалник го привлече вниманието на светската јавност.

Победата на Садик Кан предизвика бура на коментари во светските медиуми. За некои тоа беше сосема нормална работа, но за некои тоа и натаму е несфатливо и сметаат дека Христијанин никогаш не би можел да биде градоначалник во муслиманска земја, ниту пак да има некоја важна функција. Сепак, следната листа покажува дека не е баш така.

1. Во Мардин, турски град на југоистокот од земјата во близина на границата со Сирија, заменик-градоначалник е 25-годишната Фебринје Акјол која е член на курдската партија. Таа е поставена на функцијата пред две години, има христијанска вероисповед и сириски корени.

2. Престолнината на Индонезија, Џакарта има градоначалник Христијанин – станува збор за Басуки Турнаја Пурнама. Тој најави дека повторно ќе се кандидира на локалните избори во ноември. Во Индонезија 87,2% од населението е со муслиманска вероисповед.

3. Во Бахреин, Алис Томас Саман стана првата жена и првата Христијанка на местото претседател на горниот дом на парламентот.

4. Министерот за морепловство на Пакистан, Камран Мајкл исто така е со христијанска вероисповед. Тој е член и на сенатот на оваа азиска земја каде што според официјалните податоци, 96,4 проценти од населението е со муслиманска вероисповед.

5. Во Египет, ценетиот политичар Бутрос Гали, коптски Христијанин беше министер за надворешни работи на земјата цели 14 години. Тој исто така беше на чело и на Обединетите нации од 1992-ра до 1997-ма година.

6. Жанет Мајкл беше градоначалничка на палестинскиот град Рамале.

7. Сенегал 20 години имаше претседател со Христијанска вероисповед. Станува збор за починатиот Леополд Седар Сењор кој во свое наследство ги остави демократските права и слободните медиуми во оваа африканска земја во која што 95,4 проценти од населението е со муслиманска вероисповед.

8. Претседател на Либан од 2008-ма до 2014-та година беше Мајкл Сулејман кој е Христијанин.

Поврзани вести

Back to top button