Религија
Грчки митрополит во посета на владиката Петар во Битола
Митрополит на Дидимотихо, Орестиада и Суфли, од Грчката православна црква, г. Дамаскин во придружба на свештеници и свештеномонаси и верници денеска биле во посета на Преспанско-пелагониската епархија. Нивен домаќин, како што соопштува прес-службата на на Епархијата, бил Владиката г. Петар.
Грчкиот митрополит кој ја предводел делегацијата изразил желба да се сретне со Владиката Петар. Сепак, од преспанско-пелагониската Епархија не соопштуваат дополнителни детали за што друго било разговарано, освен дека гостите и домаќините размениле Пасхални поздрави и подароци.
Митрополитот г. Дамаскин и црковната делегација на ГПЦ биле на поклоничко патување на светите места во Македонија.
ПОВЕЌЕ НА РЕЛИГИЈА.МК