Кина руши илјадници крстови во суров обид за искоренување на христијанството
Повеќе од две илјади крстови се насилно отстранети од црквите како дел од владината кампања на Кина да го регулира постоењето на „прекумерен број верски објекти“.
Државното раководство започна крстоносна војна за искоренување на христијанството во крајбрежната провинција Жеџијанг пред речиси две години, пренесува британски Експрес.
Од тогаш, неколку членови на заедницата се уапсени поради обидот да го запрат суровиот обид на владата да за потиснување на христијанската вера.Меѓу уапсените е истакнатиот адвокат за човекови права Џанг Каи, кој беше уапсен откако покрена правен процес за спротивставување на отстранувањето на крстовите.
Г-дин Каи беше уапсен шест месеци пред да биде „принуден“ да се појави на Државната телевизија за да го „признае“ злосторството против кинеската влада извршено со неговата поддршка на протестот против естаблишментот кој ги урива распетијата.
Локалните христијански лидери го осудија принудувањето на признание на адвокатот, кој застапуваше група христијани кои минатата година беа притворени под обвинение за финансиски криминал, откако испратија отворено протестно писмо против демолирањето на крстовите.
По серија жалби, г-дин Каи беше ослободен од властите на Жеџијанг.
Христијанската добротворна организација China Aid неколку дена пред Велигден потврди дека повеќе од 2000 крстови се урнати од страна на власта, како дел од нејзината кампања „Три исправки, едно уривање“.
Организацијата исто така тврди дека од почетокот на 2016 до почетокот на март, 49 цркви биле уништени во бесниот обид да се искорени христијанството.
Здружението Release international, кое помага на прогонетите христијани низ целиот свет, изрази загриженост во врска со безмилосниот пристап на кинеската влада во отстранувањето на религиозниот симбол од градот Вензоу, кој е познат како кинески Ерусалим, поради големото присуство на христијани.
Главниот извршен директор на Release international, Пол Робинсон, рече: „Постои загриженост дека кампањата на остранување на видливоста за присуството на христијаните во покраината би можела да се интензивира и да се прошири низ цела Кина“.