ЖивотИзбор на уредникот

Фото: Милионер се откажал од богатството за да живее со жена од село

Вистинска бајка е љубовната приказна на кинеската двојка Јао Наншан и Лиу Лијиан. Милионерот Јао, кој до октомври минатата година живеел во Шпанија, се откажал од богатството и од животот во Европа и се преселил во селото Џејанг во Кина, за остатокот од својот живот да го помине со жената на својот живот, Лиу.

Двојката се запознала во 2013 година за време на патувањето на Јао низ Кина, кога една вечер, тој и неговите сопатници залутале во селото, затропале на една врата за да побараат место да преспијат.

Ги примила локалната земјоделка Лиу. Јао бил одушевен од неа, посебно од нејзината сила само да го води домаќинството и да води сметка за ќерката на која ѝ бил дијагоностицирано ретко крвно заболување.

ljubov1

Еден месец подоцна, Јао се вратил во тоа село за да ѝ изјави љубов на Лиу. Таа тогаш го одбила бидејќи не сакала да го оптоварува со своите проблеми. Меѓутоа, Јао не сакал да прифати не како одговор, целиот свој бизнис го оставил на своите деца, ја напуштил Европа, и целосно ѝ се посветил на Лиу. Лиу го прифатила и нешто подоцна се венчале.

Иако неговите деца на почетокот биле скептични, при посетата на Лиу решиле да ги поддржат во нивната љубов.

Поврзани вести

Back to top button