Сомалиски азилант силувал млад политичар
Млад норвешки политичар бил силуван во сопствениот дом од страна на барател на азил од Сомалија, пишува Дејли меил. Политичарот се наоѓа во тешка психичка состојба и се обвинува себеси, бидејќи откако осудениот Сомалиец ќе ги одлежи четирите години затвор, ќе биде депортиран од Норвешка.
Карстен Нордал Хаукен од Ас Акерс е силуваниот политичар, кој ја раскажал својата приказна за норвешката телевизија НРК во емисијата „Јас против мене“, која обработува психолошки предизвици и ментални болести.
Нордал Хаукен се опишува себеси како млад член на Левата социјалистичка партија, феминист и антирасист. Тој открил дека му требало многу време да прифати дека е хетеросексуална машка жртва на силување и дека поради тоа често консумирал марихуана и алкохол.